Банките во земјава за 3,5 пати ја зголемија вкупната добивка во првото полугодие во однос на истиот период лани и се на пат до крајот на година да се вратат на профитите кои ги остваруваа пред економската криза. Ова го покажуваат податоците на Народната банка на Македонија, која ги објави најновите податоци за финансиските резултати на банкарскиот сектор во земјава кој за првото полугодие од годинава остварил вкупен профит од близу 19 милиони евра. Тоа е пораст од три и полпати од 5,71 милион евра, колку што оствариле во истиот период лани. Ваквите резултати се должат пред с` на зголемената добивка на големите банки во земјава кои во првата половина од годинава имаат вкупна добивка од 16,8 милиони евра, што е повеќе од двојно поголема во однос на истиот период лани кога имале вкупна добивка од 7,61 милиони евра.
Банките во земјава за 3,5 пати ја зголемија вкупната добивка во првото полугодие во однос на истиот период лани и се на пат до крајот на година да се вратат на профитите кои ги остваруваа пред економската криза.
Ова го покажуваат податоците на Народната банка на Македонија, која ги објави најновите податоци за финансиските резултати на банкарскиот сектор во земјава кој за првото полугодие од годинава остварил вкупен профит од близу 19 милиони евра. Тоа е пораст од три и полпати од 5,71 милион евра, колку што оствариле во истиот период лани.
Ваквите резултати се должат пред с` на зголемената добивка на големите банки во земјава кои во првата половина од годинава имаат вкупна добивка од 16,8 милиони евра, што е повеќе од двојно поголема во однос на истиот период лани кога имале вкупна добивка од 7,61 милиони евра.
Годинава и средните банки имаат голем пораст на добивката, односно во првите шест месеци тие прикажале вкупен профит од над 5 милиони евра, наспроти добивка од 1,5 милион евра за истиот период лани. Малите банки и годинава бележат негативни резултати, односно прикажале загуба од 3,2 милиони евра, односно приближна на ланската од 3,4 милиони евра. Инаку, во првиот квартал од годинава целиот банкарски систем на земјава оствари вкупна добивка од 6,7 милиони евра, што беше значајно подобрување во споредба со истиот период минатата година, кога целиот банкарски систем прикажа вкупна загуба од околу 680.000 евра.
Податоците покажуваат дека приходите од камати, провизии и надоместоци се нешто повисоки во однос на истиот период лани. Вкупните приходи од камати изнесуваат 160 милиони евра. Од нив, компаниите на банките им платиле по основа на камати близу 68 милиони евра, а граѓаните 62 милиони евра.
Од провизии и надоместоци што ги наплаќаат, банките во првото полугодие заработиле приближно 33 милиони евра.